15 февруари 2023

Едукативна работилница во Македонски Брод за превенирање на злоупотреби на социјалните мрежи


Вчера (14.02.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод, при СВР Битола, во општинското Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа едукативна работилница со учениците од осмо и девето одделение околу проблематиката со злоупотреби на социјалните мрежи.

Во рамки на едукативното предавање учениците беа запознаени со најчестите форми на злоупотреби – крадење лични фотографии, пласирање на материјали со порнографска содржина, сајбер булинг, говор од омраза. Притоа особено беше нагласено дека е потребно посебно внимавање со комуникацијата преку социјалните мрежи, зошто не ретко децата може да станат предмет на уцени, закани и други девијатни појави специфични за социјалните мрежи.