Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (14.02.2023) во Битола реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
На повеќе локации во централното градско подрачје на Битола полициските службеници разговарајќи и укажувајќи за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, на граѓаните им делеа и летоци со едукативна содржина и со пораки до возачите на моторни возила да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ги паркираат возилата совесно и одговорно. А особено беше нагласено почитувањето на правилото за дозволена брзина на движење, како и законски казнивото возење под дејство на алкохол.