Завчера (12.02.2023) од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ на граничниот премин „Богородица“ беше реализирана превентивна активност на посветена на превенирање на илегален влез на мигранти со товарни возила. Во разговор со возачи на товарни моторни возила полициските службеници укажуваа на појавата на илегално преминување на државната граница од страна на илегални мигранти, претходно сокриени во товарни возила; потоа за начините на контрола над товарните возила на влез во РСМ, законски одредби пред се во делот на Кривичниот закон и слично. Покрај ова, на возачите при влез и излез од државата им беа делени летоци со апел за будност и одговорност од страна на возачите при вршењето транспорт. Превентивната активност во оваа насока, ќе продолат и во наредниот период на други гранични премини.