13 февруари 2023

Превентивни активности во Штип и Свети Николе под мотото „Вози одговорно“, а по повод претстојните празници

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип и во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (13.02.2023) на повеќе локации низ централното градско подрачје на Штип спроведе превентивно-едукативна кампања.
Темата на која беше реализирана оваа превентивна активност беше под мотото „Вози одговорно“, а по повод претстојните празници Св.Трифун и Св.Валентин, при што полициските службеници им укажуваа на граѓаните, особено на возачите, за потребата од почитување на сообраќајните прописи, пред сѐ, во поглед на некористењето алкохол при возење, а воедно на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за опасностите и законските санкции од возењето во алкохолизирана состојба.
Денеска и полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе, под истото мото реализираа превентивно едукативна активност.
На повеќе локации на подрачјето на Свети Николе, полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот, а во пресрет на утрешниот празник на виното, укажуваа на опасноста која ја носи со себе возењето под дејство на алкохол, при што посебно беше апелирано до возачите да внимаваат и да не го користат своето возило доколку пијат, а пред сѐ во интерес на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Исто така, од страна на полициските службеници беа поделени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.