12 февруари 2023

Отсекот за превенција при СВР Велес со превентивни активности за заштита на здравјето во екстремни зимски услови

Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со претседателот на Црвен крст - Кавадарци и началникот на Дирекцијата за заштита и спасување - Кавадарци, денеска (12.10.2023) во повеќе населени места во Тиквешијата реализираа превентивни активности посветени на заштитата на здравјето во екстремни зимски услови.

Во рамки на превентивните активности во кои што беа вклучени жители од населените места Крњево, Долна Бошава, Горна Бошава, Конопиште и Зимско-рекреативниот центар Михајлово полициските службеници укажаа на потребата од внимателност при движење во екстремни временски услови во зимскиот период, ставајќи посебен акцент на опасностите од појави на смрзнатини и други повреди.

Покрај ова, на месното население им беа поделени печатени летоци со информативни содржини за превенција и самозаштита од смрзнатини, а преставниците од Црвен крст и Дирекцијата за заштита и спасување на социјално загрозените, изнемоштени и лица кои живеат сами во планинските села им поделија пакет производи со продукти кои беа донирани од страна на „Еко живот - Банка за храна, нула глад за сите“ од Општина Кавадарци.