Денеска (11.02.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициското одделение Петровец, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на наплатната станица „Петровец“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа, во рамки на кампањите „Биди одговорен, користи зимска опрема“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, прилагодување на сообраќајот согласно отежнатите услови на патиштата, како и потребата од некористење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило. Воедно на возачите им беа поделени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.