Во текот на вчерашниот ден (08.02.2023), полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток во просториите на верскиот објект „Султан Мехмед Фатих II“ во Делчево одржаа едукативно предавање на тема: „Превенција од злоупотреба на социјалните мрежи и сајбер насилство“, наменето за млади.
Присутните ученици од Делчево, преку соодветна презентација, беа запознаени што претставува сајбер насилството, како полесно да го препознаат и како да го спречат, односно да се заштитат од злоупотреба.
Притоа, на учениците им беа споделени совети како да останат безбедни на интернет, а доколку на социјалните мрежи забележат дека некој ги вознемирува или навредува, каде тоа да го пријават.