Денеска (09.02.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, реализираа превентивна активност со граѓаните во централното градско подрачје на Куманово, а со цел граѓаните да бидат информирани за обврската за задолжително носење и користење на зимска опрема во возилата, како и за штетноста од користење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило. Во непосредна комуникација со возачите, им беше укажувано за законски регулираната употреба на зимска опрема за време на зимската сезона (од 15 ноември до 15 март) која е задолжителна и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот. Притоа, особено беа истакнати условите односно начините за употребата на зимски гуми и ланци. Исто така, на возачите им беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел подигање на свеста и одговорно учество во сообраќајот.