Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од ПСОН Аеродром и Центар и ПО Шуто Оризари, а во рамки на превентивниот проект „Безбедност во училиштата“ денеска (07.02.) реализираа четири едукативни работилници со ученици од скопските основни училишта „Киро Глигоров“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Браќа Рамиз и Хамид“.
Така во ООУ „Киро Глигоров“ на подрачјето на општина Центар, со учениците од осмите одделенија беа реализирани две едукативни работилници посветени на темата – „Превенција од сите видови насилство“. Основна цел на работилницата беше запознавање на учениците со поимот насилство, со видовите на насилство - физичкото, психичко, меѓуврсничкото насилство, ппотоа насилство преку социјалните мрежи како и насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Во ООУ „Ѓоргија Пулевски“ на подрачје на Аеродром и во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ на подрачјето на Шуто Оризари беа одржани едукативни работилници на темата „Превенција од семејно насилство“, при што беа присутни учениците членови од учишните Клубови за превенција од двете училишта, и каде што преку презентација учесниците беа запознати со поимот, ефектите, односно последиците и начините за заштита од семејното насилство.