Вчера (06.02.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола во Прилеп под мотото „Возете одговорно – патувајте безбедно“ спроведоа превентивни кампања со возачите на моторни возила, при што во фокусот на полициските активности беше почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено во поглед на консумирањето на алкохол.
На повеќе локации во градот на возачите им беше укажувано дека возењето под дејство на алкохол статистички е една од најголемите причинители на сообраќајни несреќи, која што покрај предизвикувањето на материјална штета, носи уште поопасни последици по здравјето и физичката безбедност на учесниците во сообраќајот. Исто така, полициските службеници на возачите им делеа и едукативен матерјал изработен со поддршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Покрај оваа активност, вчера и полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Ресен, исто така, реализираа превентивна активност под мотото „Биди одговорен возач-користи зимска опрема“ при што на подрачјето на градот во непосредна комуникација со возачите им беше укажувано за потребата од почитување на законски задолжителното носење и користење на зимска опрема- зимски пневматици и ланци.