Вести

07 февруари 2023

Спасовски: Исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари

 

 

„Почитувани граѓани,
Почитувани колеги,


Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница и' предложив на Владата, која го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари.


Согласно заклучокот, сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со исклучителна компонента - додаток за работна успешност во висина од 10% од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР", - напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.