Вести

07 февруари 2023

Посебен режим на сообраќај за денеска (07.02.2023) во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска (07.02.2023), во периодот од 18.00 до 19.30 часот, на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“ и ул.„16 Македонска бригада“, поради протест од граѓани на урбана заедница Автокоманда, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените сообраќајници.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.