Полициски службеници од Полициската станица Виница, при СВР Штип, денеска (01.02.2023) во централното градско подрачје на Виница спроведоа превентивно едукативна кампања на темата „Биди подготвен за во зима“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.
Притоа на повеќе локации во центарот, преку непосредна комуникација со граѓаните и возачите, полициските службеници укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правиа и прописи по однос на носењето и користењето на зимска опрема во возилата, како и околу превенцијата од имотни деликти и благовремената соработка со полицијата заради спречување на таквите кривични дела на кои што најподложени се постарите категории граѓани.
Исто така, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП и мисијата на ОБСЕ во РСМ со создржини и совети по однос на темите на превентивната акција.