Денеска (01.02.2023) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола, реализираа превентивна активност со граѓаните во Прилеп, а со цел потсетување на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата до 15 март, до кога трае зимската сезона.
Во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа за законски регулираната обврска за употреба на зимска опрема, која е задолжителна и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот. Притоа, особено беа истакнати условите, односно начините за употребата на зимски пневматици и ланци. Исто така, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, а сѐ со цел подигање на свеста и одговорно учество во сообраќајот.
Покрај ова, вчера (31.01.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола, односно ОВР Македонски Брод во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод, како и во подрачното училиште „Свети Климент Охридски“ во селото Долни Манастирец, беше остварена работна средба со раководителите на училиштата, а во врска со почетокот на второто полугодие од тековната учебна година, а во контекст на проектната активност ,,Безбедни училишта". Притоа се разговараше за превентивните активности што треба да се преземат, особено во делот на врсничкото насилство, булингот на социјалните мрежи, како и други девијантни појави каде што најчести жртви се децата.