31 јануари 2023

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка и РСБСП за побезбеден сообраќај

Денеска (31.01.) полициски службеници од ОВР Крива Паланка реализираа превентивна активност со граѓаните во Крива Паланка, а со цел да се потсетат граѓаните за обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март.

Во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа за законски регулираната обврска за употреба на зимска опрема, која е задолжителна и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот. При тоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на зимски гуми и ланци. Исто така, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел подигање на свеста и одговорно учество во сообраќајот.