Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во координација со полициски службеници од Полициската станица Виница, заедно со помошник командирот за јавен ред и мир и превенција, денеска (28.01.2023) на магистралниот пат Штип-Делчево, поточно на место викано „Рото“ и во централното градско подрачје спроведоа превентивно- едукативна кампања.
Темите на овие превентивни активности беа „Биди подготвен за во зима“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, а се реализираа во непосредна комуникација со граѓаните.
За време на средбите на локалното население им беа споделени совети за самозаштита и летоци со едукативна содржина.