Вчера (25.01.) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, заедно со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, во соработка со Црвениот крст на РСМ во Транзитниот центар Табановце реализираа превентивно предавање на тема – “превенција од екстремни климатски услови“.
На предавањето на кое учествуваа и претставници на Центарот за управување со кризи, Министерството за труд и социјална политика, здружението “Млади правници“, и полициски службеници од ПС за ГН Сопот, беа презентирани низа корисни и практични информации за заштитата од екстремно ниски температури во различни географски околности, особено при настанување на смрзнатини и начините за заштита.