СВР Битола на подрачјето на Битола започна со реализација на нова превентивна кампања насловена како – “Безбеден град, безбедна заедница“ во рамки на која што полициски службеници од криминалистичката полиција од Полициската станица од општа надлежност Битола, од сообраќајната полиција и полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Битола на средби со граѓаните во урбаните и месни заедници на подрачјето на Битола непосредно во комуникација со граѓаните споделуваат практични совети и искуства, кои ќе помогнат за уште поголема безбедност во градот.
Од страна на полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Битола и од ОВР Македонски Брод во основните училишта „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод и „Мустафа Кемал Ататурк“ во село Пласница, беше остварена средба со директорите на училиштата и замениците на директорите во училиштата, а во врска со почеток на второто полугодие од учебната 2023 година, а во контекст на проектната активност “Безбедни училишта".
Покрај ова, во централното градско подрачје во Ресен од страна на полициските службеници при ОВР Ресен беше спроведена превентивна активност во рамките на проектот “Безбедна заедница“ во насока на заштита на граѓаните од имотни деликти и измами, а пак во Крушево од страна сообраќајната полиција беше спроведена превентивна активност насочена кон возачите на моторни возила за важноста од носење и користење на зимска опрема.