Утре, (25.01.2023), во 10:15 часот, Полицискиот Центар Ѓорче Петров во Скопје, ќе биде посетен од страна на делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и делегација од Министерството за надворешни работи, предводена од Претседавачот со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи. Гостин на настанот е Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал.
Во куќата за пукање ќе биде изведена вежба од страна на единиците на МВР, која следува по кратка презентација од Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за службени кучиња при МВР. (можност за инсерти)
Во 11:25 часот предвидена е изјава за медиуми, пред куќата за пукање, од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, како и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал.
Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот.