24 јануари 2023

Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајден хероин

На 23.01.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.