Денеска (21.01.) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на наплатната рампа “Глумово“ на автопатот Скопје – Тетово реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот, односно во поглед на задолжителното носење и употреба на зимска опрема, како и во поглед на казнивоста и штетноста од говорење на мобилен телефон за време на возење. Притоа полициските службеници им укажуваа на возачите за неопходноста од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно им делеа и печатени едукативни летоци изработени во соработка и со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.