На 20.01.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола- ОВР Крушево на подрачјето на Крушево спроведена е превентивна активност со месното население, а во врска со задолжителната замена на дозволите за оружје. Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023. Исто така, на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.