Денеска (17.01) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и полициски службеници од Полициската станица Центар, на улицата „11 Октомври“ во Скопје реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа во рамки на кампањата “Паркирај совесно, Паркирај одговорно“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилно и совесно паркирање на возилата на означените паркинг места и паркиралишта во градот. Воедно на возачите им беа делени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.