Денеска (17.01.2023) Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци на подрачјето на Кавадарци реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа во рамки на кампањата “Паркирај одговорно - паркирај совесно“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилно и совесно паркирање на возилата на означените паркинг места и паркиралишта во градот. Воедно беа делени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.