Денеска (17.01.2023) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе, на повеќе патни правци на подрачјето на Свети Николе реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа, во рамки на кампањите „Биди одговорен, користи зимска опрема“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш!“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, полициските службеници укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, прилагодување на сообраќајот согласно отежнатите услови на патиштата, како и некористење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило.
Воедно на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.