12 јануари 2023

„Вози одговорно - стави појас!“, превентивна активност на ОВР Свети Николе

 


Денеска (12.01.2023) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото „Вози одговорно - стави појас!“. Превентивната активност беше реализирана на патните правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на појас при патување, која важи и за возачите и за совозачите, при што беше потенцирана и значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при евентуална сообраќајна незгода, а беше укажано и околу казнените одредби за непочитување на оваа одредба.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како за подобрување на својата лична, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како и за придонесување за побезбедни патишта.