Денеска (11.01.) Отсекот за превенција при СВР Битола реализираше превентивна активност на подрачјето на Битола со угостителски работници и сопственици на угостителски локали на одморалиштата на Пелистер и Нижеполе, а во насока на интензивирање на меѓусебната соработка со цел навремено информирање за можни нарушувања на јавниот ред и мир, како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување, и обезбедување на безбедна средина за туристите. На угостителите во угостителските објекти им беше посочено да го почитуваат работното време, како и другите закони кои се однесуваат на нивното работење.
Исто така, денеска, на подрачјето на СВР Битола, односно во Крушево и Битола, од страна на полициски службеници од Полициската станица за БПС Битола, од Полициското одделение Крушево, а во соработка со РСБСП беше спроведена превентивна активнист под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима - користи зимска опрема, вози одморен, не користи мобилен телефон кога возиш“.
Со делење едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП и во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и на потребата од прилагодување кон зимските услови на патиштата, и строго почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на нивната безбедност, но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.