27 декември 2022

Едукативна работилница на СВР Велес

Денеска (27.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа едукативна работилница со учениците од основното општинско училиште “Петар Поп Арсов“ во село Извор.

Притоа, полициските службеници презентираа неколку теми важни за децата и нивната безбедност почнувајќи од темата за врсничкото насилство, особено околу насилството во училиштата, потоа за “Cyber buling“, а секако особено внимание се посвети, во пресрет на новогодишните и Божикните празници на темата за злоупотреба на петардите и другите пиротехнички средства. По однос на оваа тема на учениците им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка и со поддршка на УНДП.