27 декември 2022

Едукативни работилници на СВР Скопје


Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма на одделението за превенција, вчера (26.12) заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Аеродром и Чаир беа реализирани две едукативни работилници во основните општински училишта “Љубен Лапе“ (Аеродром) и “Петар Здравковски Пенко“ (Чаир).

Овој пат превентивните активности од проектот “Безбедност во училиштата“ беа тематски посветени на превенцијата од злоупотребата на петардите и другите пиротехнички средства кај младите.

Основна цел на работилниците беше подигање на свеста кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, како и преземање на превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.