Вчера полициски службеници од Полициската станица Радовиш во соработка со лекар од Универзитетска клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Скопје реализираа превентивни активности со учениците од Средното општинско училишта „Коста Сусинов“ во Радовиш.
Превентивните активности беа на тема актуелна во пресрет на новогодишните и божикни празници - „Не користи пиротехнички средства“. Преку видео презентација и стручни практични искуства на медицинските работници учениците беа запознати со ризикот од употребата на пиротехнички средства, при што им беа претставени реалните можности од предизвикување на тешки и трајни телесни повреди при користењето на пиротехника.
Воедно, учениците беа запознати и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лица кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен материјал.
Исто така, вчера и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица, на истата тема околу злоупотребата на пиротехничките средства, реализира превентивна активност со учениците од основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко. Покрај едукативното предавање на децата им беа поделени и едукативни печатени материјали за штетноста и последиците од користењето на петардите и другите пиротехнички средства, изработени во соработка и со поддршка од УНДП.