22 декември 2022

Превентивни активности на СВР Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција вчера и денеска (21 и 22 декември) спроведоа превентивни активности на повеќе локации во Тетово и Гостивар, при што граѓаните беа запознаени со штетните последици од употребата на пиротехничките средтва, но и законските последици од нелегална употреба и нелегална продажба на пиротехника.

СВР Тетово и во наредните денови продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните празници. СВР Тетово презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.