22 декември 2022

Не користи пиротехнички средства - превентивна активност на РЦГР Исток


Полициски службеници од РЦ за ГР Исток- ПС за ГН Пехчево на 21.12.2022 во подрачното основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во с. Двориште - општина Берово, спроведоа превентивно-едукативна активност со учениците околу незаконското употребување на пиротехничките средства, изразено во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Преку соодветна видео презентација учениците беа запознаени за штетните последици од употребата на петардите и другите пиротехнички средства и за можноста со неовластена и незаконска употреба на истите да настанат тешки и трајни телесни повреди.

Исто така децата беа запознаени и со предвидените казнените одредби согласно ЗППЈРМ, Кривичниот законик и Закон за заштита од експлозивни материи. На децата им беа поделени летоци со едукативна содржина.