21 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивни активности на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден (20.12) Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициската станица од општа надлежност Велес, реализираше две превентивни активности од кампањата – “Не користи петарди и пиротехнички средства“ и тоа во општинското основно училиште “Лирија“ во село Бузалково и основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци.

Полициски службеници од ПС за ОН Велес на учениците им поделија и едукативни летоци за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника, изработени во соработка со УНПД, а полициските службеници од Отсекот за превенција реализираа едукативна презентација за превенција од употреба на пиротехнички средства на учениците од овие училишта.

Целта на превентивната кампања е пред се на најмладите да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните.