21 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивни активности на СВР Штип

Денеска (21.12.) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе спроведоа едукативна активност во основното општинско училиште “Даме Груев“ во село Ерџелија, светиниколско, на тема “Не користи пиротехнички средства“. Преку наменски подготвена видео презентација, полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петардите и другите пиротехнички средства, како по нивното здравје така и по однос на казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства на јавни места. Воедно беа поделени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со УНДП.

Покрај ова и полициски службеници од ОВР –Пробиштип денеска спроведоа превентивни активности во рамки на кампањата за некористење на пиротехнички средства. Притоа, тие на повеќе локации во Пробиштип, а во насока на што поголема опфатност на различни категории граѓани, разговараа со граѓаните, а беа поделени и едукативни печатени материјали изработени во соработка и поддршка со УНДП, со содржини околу штетноста и последиците од нелегалната употреба на пиротехника.