Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, заедно со полициски службеници од ПС ОН Штип, денеска (19.12.) на темата – “Не користи пиротехнички средства“, а во пресрет на новогодишните и Божикни празници, реализираше превентивна активност со учениците од основното општинско училиште “Димитар Влахов“ во Штип.
Преку наменска видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства и истовремено за можните опасности, со неовластена и незаконска употреба на истите, да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така, учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше подделен и едукативен материјал изработен во соработка и со поддршка од УНДП.