30 ноември 2022

Претрес во Тетово, приведени шест лица, пронајден кокаин


На 29.11.2022 во 11.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.Ј.(48), Ф.Ј.(20), Д.Б.(41), Џ.Ф.(35), Н.А.(36) и 17-годишник, сите од Тетово. При претрес во домот на Т.Ј., каде живее со нејзината ќерка Ф.Ј. и 17-годишниот син, а во кој биле затекнати и останатите лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин.

Подоцна, во полициска станица Ф.Ј. пријавила дека Д.Б. во повеќе наврати ја наведувал на проституција и дека заедно со Џ.Ф. и Н.А. ѝ овозможувале употреба на кокаин.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.