27 ноември 2022
Посебен режим на сообраќај во понеделник (28.11.2022) во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.