24 ноември 2022

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (24.11.2022) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(31) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 14 месеци за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување девет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.