24 ноември 2022

34 санкционирани возачи за непропуштање пешаци на подрачје на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (23 ноември) од 10 до 15 часот спроведоа акциска контрола на возачите-дали и колку ги почитуваат нивните пропишани обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 34 прекршоци (ТЕ-29 и ГВ-5). На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби кои изнесуваат 250 евра во денарска потиввредност.

Најголемиот број од прекршоците, инаку се однесувале на непропуштање на пешаци на обележани премини. При контролата биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4). Контролни активности со ваква цел и содржина планирани се и во наредниот период.