Вчера и завчера (21/22.11.) во просториите на СВР Куманово во рамки на програмата “Сина храброст“, со поддршка на ИЦИТАП програмата при амбасадата на САД во Република Северна Македонија, беше одржана обука за полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Целта на оваа едукативна програма е зголемување односно натамошно јакнење на професионалните и личните капацитети на сите вработени во МВР. Притоа, преку изградувањето на посилни ментални проценки и способности во разни кризни ситуации, обуката треба да придонесе за поквалитетно извршување на работните задачи на сите полицискии службеници, како и поквалитетно и поефикасно справување со секојдневните предизвици на работното место.