23 ноември 2022

Приведени две лица од Тетово за издржување на затворски казни

 

На 22.11.2022 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судски наредби, лишиле од слобода две лица за издржување на затворска казна. Притоа, приведени биле 28-годишниот тетовец А.Х. и 32-годишниот М.О. од Тетово. Лицата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.