19 ноември 2022

Претрес во Валандово, приведен дилер на дрога

 

Денеска (19.11.2022) во 08.15 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода П.Т.(34) од Валандово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.