12 ноември 2022

Едукативна работилница на СВР Велес за превенција од насилство во училиштата

Вчера, полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци во основното општинско училиште “Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци реализираа едукативна работилница.

На работилницата на која што учествуваа ученици од деветто одделение, основна тема беше насилството во училиштето, а посебно внимание беше посветено и на таканаречениот “сајбер булинг“ преку социјалните мрежи. Полициските службеници ги запознаа децата со причините и видовите на насилства, за манифестирањето на “сајбер булингот“, како и за начините за нивно препознавање и превенција во соработка со полицијата.