02 ноември 2022

Превентивна активност на ОВР Свети Николе за безбедност на децата во сообраќајот

Полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Свети Николе, заедно со стручната служба при основното општинско училиште “Методи Митевски Брицо“ и подрачното училиште во село Милино одржаа едукативни предавања за ученици од прво до петто одделение, на тема поврзана со сообраќајната безбедност на децата.

Притоа, пред децата беа презентирани сите основни сообраќајни правила и прописи, а кои што се директно поврзани со нивната безбедност и сигурност. Тргнувајќи од основните знаења за функцијата на семафорите, на сообраќајните полицајци што го регулираат сообраќајот, за важноста на пешачките премини, како и за правилното движење по тротоарите, а се со цел децата како учесници во сообраќајот да бидат сигурни и безбедни.