11 октомври 2022

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

 На 10.10.2022 околу 19.40 чaсот на место викано „Страиште“, во близина на Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода С.Л.(23) од с.Сопотница, демирхисарско.

При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници.  

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.