Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово при СВР Струмица, во соработка со Црвениот крст и со педагошките служби од Средното општинско училиште “Гоце Делчев“ вчера (06.10) реализираа превентивна работилница со средношколците од ова училиште на повеќе теми битни за безбедноста на учениците.
Така, покрај заштита од злоупотреба на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори на учениците им беа презентирани и информации и можности за превенција и заштита од врсничкото насилство, како и околу превенција од дрски и провални кражби.