Денеска (04.10.2022) полициски службеници за превенција од ОВР Делчево и РЦ за ГР Исток во соработка со Здружението на пензионери од Делчево во домот за пензионери реализираа средба со група на пензионери посветена на проблематиката околу превенцијата во врска спречување на извршување на кривични дела кражби во куќи и станови, џебни кражби и измами, чиј таргет се постарите лица односно пензионерите. Во непосредни разговори на пензионерите им беа појаснети низа начини на препознавање, зголемена внимателност и самозаштита од овие видови на имотни деликти, како и начините со кои можат да се спречат во соработка со полицијата. Целта на активноста беше да се делува превентивно со цел намалување на бројот на кривични дела, заштита на својот личен имот од кражби во куќи, станови и други објекти како и заштита од џебни кражби и измами.