30 септември 2022

Превентивна активност на ОВР Кавадарци

Денеска (30.09.) полициски службници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци спроведоа превентивни активност посветени на проблематиката со таканаречени џепни кражби, како и околу измамите чиј што таргет се постари лица и пензионери.

Притоа, во непосреден контакт со граѓаните, особено постарите лица и пензионерите, полициските службеници им укажуваа на начините за препознавање и превенција од измамите, како и мерките за заштита од џепни кражби.

Покрај ова, на граѓаните на кои што им се делеше и едукативен печатен материјал им беше укажувано за законските одредби што можат да се искористат, односно постапките што можат да се превземат за заштита и превенирање од овие видови имотни деликти.