23 септември 2022

Обука за увид на место на настан на подметнат пожар

Во периодот 19-23.09.2022 во Центарот за обука на МВР се одржа стручна обука од областа на подметнат пожар, која беше организирана од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења со поддршка на Француската амбасада во Скопје. Предавачи на обуката беа искусни експерти од француската полиција, а како слушатели учествуваа претставници од организациските единици за криминалистичка техника и криминалистичка полиција од сите Сектори за внатрешни работи и претставници од форензичките лаборатории во МВР.

Обуката опфати теми за увид на место на настан и обезбедување доказен материјал, техники за водење криминалистички истраги и лабораториска анализа на обезбедените материјални траги.

Како составен дел на обуката беше организирана и практична вежба која претставуваше симулација на пожар на патничко моторно возило, според претходно подготвено сценарио кое опфати активности за обезбедување и увид на местото на настан, како и оперативна криминалистичка истрага на делото.