23 септември 2022

Приведен разбојник од Штип

На 22.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Штип. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот физички го нападнал С.К.(24) од Штип во неговиот дом во Штип и му го одзел паричникот. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.